Хулијан Алварез реши да ја „спушти топката“ во конфликтот со Атлетико Мадрид, откако аргентинскиот голгетер утрово меѓу првите се појави во тренинг-комплексот на шпанскиот гигант почнувајќи со тренинзи со остатокот од екипата (оние кои не настапија на синоќешниот дуел со Севиља).
Алварез четири дена не тренираше жалејќи се на болест, дел од медиумите објавија дури и дека донел лекарски документ дека се наоѓа во депресија, но откако му стана јасно дека тоа нема да му помогне да издејствува трансфер во Барселона тој реши да „легне на брашното“ и да му се стави на располагање на лекарскиот тим на Атлетико.
Тренерот Диего Симеоне веќе најави дека со раширени раце би го дочекал својот сонародник назад во тимот, шансите за трансфер во Арсенал стануваат се помали, па огромна е веројатноста дека Алварез веќе следниот викенд ќе го видиме назад на терените, на гостувањето против Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
