Страв од корона: Откажано финалето Ѓоковиќ – Рублев во Задар

Веста за позитивниот тест на Ковид19 на Григор Димитров ги шокираше присутните на турнирот во Задар, каде е откажано големото финале во кое требаше да се сретнат Новак Ѓоковиќ и Андреј Рублев.

Димитров беше дел од турнирот во Белград, таму присуствуваше на сите заеднички дружења на тенисерите, па дури и на ревијалниот фудбалски меч на кој играше и тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ. Тој почна да чувствува симптоми по доаѓањето во Задар, го загуби премиерниот меч од Борна Чориќ, по што и официјално го откажа настапот и се врати во својот дом во Монако.

Финалето е откажано, но сега тениската јавност со нетрпение ќе ги очекува резултатите на тестовите на останатите тениски „ѕвезди“, ако се знае дека Димитров во изминатите десетина дена се дружеше со Ѓоковиќ, Зверев, Тим, Чилиќ…

Се вчитува...