Страв од тероризам: Снајперисти ќе го чуваат автобусот на Манчестер јунајтед

Терористичкиот напад врз автобусот на Борусија Дортмунд беше причина за сите следни натпревари да бидат преземени многу посериозни безбедносни мерки. Манчестер јунајтед вечерва му гостува на Андерлехт во четртфиналето од Лигата на Европа, а дел од „црвените ѓаволи“ не го кријат стравувањето од мечот во Белгија, земја каде има бројни терористички келии.

Раководството на англискиот гигант е во постојат контакт со белгиските власти, кои најавиле специјални мерки за Жозе Мурињо и неговите фудбалери да бидат безбедни во главниот град на Белгија.

Не само што полициски возила ќе го следат автобусот на Јунајтед, туку на рутата на неколку позиции ќе има поставено и снајпери, а ќе се користат и хеликоптери, за да нема никаков ризик при патувањето од хотелот до стадионот“ – објавуваат англиските медиуми.

За да се минимизира ризикот од инцидент околу стадионот, полицијата веќе објави дека сите фанови кои ќе бидат фатени без влезница, веднаш ќе бидат приведени. Поради ова, и раководството на Манчестер јунајтед упати апел до своите навивачи кои немаат влезни билети воопшто да не се упатуваат кон стадионот.

Се вчитува...