Словенечкиот интернационалец во редовите на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан, го најави претстојното големо дерби против Вардар 1961, кое претстојниот викенд ќе се одигра во Скопје во рамките на македонската ракометна Суперлига.
Средниот бек е свесен за тежината на предизвикот кој го очекува неговиот тим на гостувањето кај актуелниот шампион, но изрази силна верба во квалитетот и подготовката на охриѓани за овој клучен натпревар.
„Нe очекува тежок натпревар против екипа која игра квалитетен ракомет не само во Македонија, туку и во Лигата на шампионите. Нашата задача е добро да се подготвиме и максимално да одговориме на предизвикот. Со Вардар веќе игравме трипати, добро се познаваме и знаеме што можеме да очекуваме. Одиме во Скопје да го дадеме својот максимум и да се обидеме да направиме добар резултат. Верувам дека ако одиграме дисциплинирано и борбено, можеме да бидеме рамноправен противник“, изјави Стрмљан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
