Се поголем број тренери на европските гиганти реагираат на жестокиот распоред на кој се подложени екипите во новата сезона.
Томас Тухел е уште еден во низата кој се пожали на жестокиот ритам на натпревари, истакнувајќи дека фудбалерите се под голем удар.
„Ќе ги убиеме играчите затоа што немаат никаков одмор. Оние најдобрите немаат време за одмор затоа што играат и за клубовите и за репрезентациите. Не постои начин како да ги подготвиме за тоа. Тешко е да се работи со нив“ – вели стратегот на ПСЖ.
А, напорниот ритам носи и се повеќе повредени фудбалери поради што трпат клубовите. На истата тема реагираше и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој побара начин како најдобрите фудбалери да се ослободат од дел од непотребните репрезентативни обврски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА