Струга ТЛ вторпат го „смени“ Борче Христов сезонава

Борче Христов сезонава предводеше два македонски прволигаши. Најпрво беше на клупата на Борец Велес, а потоа и на Работнички, но два пати си замина или добиваше отказ од клубовите.

Интересно е тоа што Струга Трим Лум е тимот кој два пати му „пресуди“ на Борче Христов. Првиот пат додека беше на клупата на Борец, загуби од стружани во 1/8 финалето во Купот на Македонија, и следниот ден веќе беше „поранешен“.

Потоа го презеде Работнички, но повторно дојде пораз од Струга Трим Лум. Овој пат првенствен, од 1-3 во саботата, што беше „аларм“ за раководството веќе следниот ден да му врачи отказ.

Инаку во ова коло имаше и тренерска смена во тимот на Шкендија. Бруно Акраповиќ доби отказ после неубедливата партија и ремито со Борец.

Се вчитува...