Струга ТЛ за продолжението од сезоната го ангажираше младиот Анди Демири, кој во својата кариера бил дел и од француски Лил.
19-годишен фудбалер е со потекло од тетовско Теарце, но фудбалски се изгради во Франција, каде што настапувал за младинскиот тим на Васкехал. Од 2024 година бил дел и од младинскиот тим на Лил.
Демири, кој игра на позицијата централен дефанзивец, со Струга ТЛ потпиша двегодишен договор.
Демири има настап и за репрезентацијата на Косово до 19 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
