Струга ТЛ ја победи Беса на тестот во Драч (ФОТО)

Прволигашот Струга ТЛ славеше со 1-0 против македонскиот второлигаш Беса Добридол на пријателскиот натпревар кој се одигра во Драч, Албанија.

На тестот на теренот на „Тропикал ресорт“ во Драч, стружани беа подобри од противникот сосема заслужено стигнувајќи до триумфот со погодокот на Фламур Таири од пенал уште во првото полувреме.

Се вчитува...