Струга ТЛ продолжува да го засилува својот тим за новата сезона. Во пресрет на големото дерби против екипата на Шкендија, стружани промовираа уште едно име во својот тим.
Станува збор за 20-годишниот Блерон Рамадани, кој игра на позицијата лев бек. Младиот дефанзивец својата фудбалска кариера досега ја градеше во Швајцарија, каде ги помина младинските категории во Грасхоперс.
За Рамадани овој трансфер во Струга ТЛ ќе претставува прв предизвик и прво професионално искуство во македонскиот фудбал.
Претходно денеска Струга го официјализираше и дефанзивецот Едисон Кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
