Струга ТЛ, по три едноподруго порази, конечно до славје со триумф над Работнички (ФОТО)

Фудбалерите на Струга ТЛ славеа убедливо со 1-3 на гостувањето против Работнички во првиот натпревар од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, ставајќи на тој начин крај на серијата од три едноподруго порази. Работнички, пак, влезе во негативна серија и со трет едноподруго пораз.

Стружани уште во првото полувреме најавија дека се дојде по победа со погодокот на Абдулхади Јахја во 13. минута за водство од 0-1.

Во вториот дел Буњамин Шабани од пенал во 49. минута зголеми на 0-2, а откако Момчило Рашо во 61. минута намали на 1-2, конечните 1-3 ги постави Па Омар Јобе со погодокот во 81. минута, а на асистенција на Абдулхади Јахја.

Со оваа победа, Струга ТЛ ги прескокнаа „романтичарите“ на табелата сега со два бода предност во однос на тимот од Дебар Маало.

Се вчитува...