Струга ТЛ потпиша едногодишен договор и со Ристевски

Во желбата за максимално засилување на составот за следната сезона, Струга Трим Лум потпиша едногодишен договор и со дефанзивецот Александар Ристевски.

28-годишниот Ристевски доаѓа од редовите на албанскиот прволигаш Влазнија а претходно во својата кариера има настапувано и за Пелистер, Победа, Скопје, Металург и Ренова.

Стружани претходно се засилија и со Раиф Мирселоски, Бесир Рамадани и Јасмин Мециновиќ, а повратник во тимот е Арион Зиба. Клубот го напуштија Арбен Тафа и Христијан Кировски.

 

Се вчитува...