Струга ТЛ потпиша тригодишен договор со Бесир Рамадани

Струга Трим Лум го промовираше најновото свое засилување за новата натпреварувачка сезона, дефанзивецот Бесир Рамадани.

20-годишниот Рамадани, кој игра на централната дефанзивна позиција, потпиша тригодишен договор со стружани.

Рамадани доаѓа од редовите на Гостивар, а претходно во својата кариера има настапувано и за Ренова, Шкупи и Генч Калемлер.

Се вчитува...