Струга ТЛ се засили со Мециновиќ

Јасмин Мециновиќ ќе биде големо засилување за Струга Трим Лум откако искусниот дефанзивец денеска потпиша едногодишен договор со овој македонски прволигаш.

Стружани беа во потрага по играч кој ќе им донесе стабилност во одбраната, а Мециновиќ го нуди токму тоа, со искуството што го поседува играјќи низ повеќе македонски прволигаши, но и во неколку различни земји.

Мециновиќ последниот ангажман го имаше во далечната Индонезија настапувајќи за екипата на Персела, но си замина од оваа земја поради пандемијата од коронавирус.

Се вчитува...