Струга ТЛ славеше против Шкупи

Фудбалерите на Струга ТЛ славеа со 2-1 против Шкупи на пријателскиот натпревар кој се одигра на Градскиот стадион во Струга.

Избраниците на Срѓан Захариевски беа подобар тим на теренот во второто полувреме кога си ја обезбедија победата. Стружани дојдоа до предност со голот на Цветановски во 63. минута, а Шкупи израмни со голот на Дембо во 64. минута. Победата за Струга ТЛ ја донесе Таири во 86. минута од средбата.

Се вчитува...