Струга ТЛ со пресврт триумфираше против Вардар Форино на последниот тест пред стартот на сезоната

Струга Трим Лум со пресврт триумфираше со 3-2 против второлигашот Вардар Форино на последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани имаа негатива од 1-2 на полувремето, но со два гола во второто полувреме стигнаа до пресврт победа. Вардар Форинот поведе со 0-2 со головите на Аријан Ејупи во 11. и во 16. минута, но потоа следеше комплетниот пресврт со головите на Цветаноски, Алтипармаковски и Лена.

Во првото коло од новата сезона во Првата лига, на 9. август Струга Трим Лум гостува на Ренова во Тетово.

Се вчитува...