Струга триумфално во Аеродром за крај на 7. коло во Групата А

Ракометарите на Струга славеа убедлива победа на гостувањето против Аеродром со 25-31 (13-15) во последниот натпревар од 7. коло во Групата А од Суперлигата на Македонија.

По максимално израмнето прво полувреме на дуелот во СЦ „Јане Сандански“ во скопски Аеродром, во кое стружани одржуваа само минимална предност, во вториот дел комплетна доминација на гостите кои сосема заслужено дојдоа до победата.

Од самиот старт на вториот дел, Струга ја засили одбраната а играше максимално ефикасно постојано зголемувајќи ја предноста. Во еден момент стружани имаа предност и од девет гола разлика, но на крај домашните ублажија за конечни 25-31.

Ова е четврта победа за Струга во седмиот натпревар, наспроти и три порази, за зацврстување на четвртата позиција во групата. Аеродром, пак, остана на претходните три победи, запишувајќи го и четвртиот пораз.

 

Се вчитува...