Струмица потпиша со двајца Американци

Новиот кошаркарски суперлигаш се активираше на пазарот комплетирајќи го ростерот со неколку кошаркари, па така струмичани во текот на вчерашниот ден се пофалија и со двете најнови странски засилувања.

Американецот Кем Крафорд ќе биде задолжен за организација на играта на Струмица, за плејмејкерот ова ќе биде прво искуство во европската кошарка откако последните години ги мина во Универзитетот Дукесни. Крафорд минатата сезона во просек настапувал по 18,6 минути по натпревар, со скромни бројки од 4,6 поени и една асистенција по натпревар.

За борбата под кошевите струмичани ангажираа уште еден Американец, Марланд Харис кој настапуваше за Универзитетот Морган Стејт. Тој минатата сезона настапи на 20 средби за оваа екипа, во просек бележејќи по 3,9 поени и 3,8 скокови по натпревар.

Струмичани претходно ги засилија своите редови со двајца домашни кошаркари, Метин Сеити и Лука Димитриевски.

Се вчитува...