Суарез донесе победа на јубилејот на Диего Симеоне

Атлетико Мадрид славеше со 1-0 над Хетафе на јубилејниот 500. меч на Диего Симеоне како тренер на овој клуб, за три бода со кои „јорганџиите“ се зацврстија на првото место на табелата.

Луис Суарез беше човекот на одлука, уругвајскиот ас се снајде одлино во 20. минута и по центаршутот на Караско со глава ја смести топката во мрежата на Хетафе. Препознатливиот стил на игра придонесе Атлетико по којзнае којпат под водство на Симеоне да одигра рутински, да го спушти темпото на мечот и да ја задржи минималната предност од 1-0 до самиот крај.

Селта на вториот вечерашен натпревар го совлaда тимот на Рекреативо Хуеска со 2-1 благодарение на погодоците што ги постигнаа Нолито и Јаго Аспас.

Се вчитува...