Суарез се изнаплака како мало дете… (ВИДЕО)

Уругвај, и покрај тоа што беше подобар противник, не успеа да се пласира во полуфиналето на Копа Америка откако Перу беше подобар по изведувањето на пеналите.

А, трагичар во пенал-рулетот беше Луис Суарез кој единствен од Уругвајците не успеа да го реализира ударот од белата точка. Суарез прв шутираше и промаши, па на крај се покажа дека тоа ќе биде одлучувачки.

Напаѓачот на Уругвај на крај од пенал-серијата се расплака како „мало дете“, без можност никој да го смири…

Се вчитува...