Субашиќ: Што се смени кај нас? Само селекторот!

Хрватска цел квалификациски циклус за СП 2018 го играше топло-ладно, а откако стана сериозна опасноста за „коцкестите“ да не бидат дел од мундијалот беше донесена одлука за селекторска смена. Чачиќ доби отказ, а токму неговиот наследник, Златко Далиќ, е најзаслужниот што Хрватите одеднаш заличија на фудбалска велесила.

По убедливата победа од 4-1 во баражот против Грција, фудбалерите не го криеја задоволството што конечно заиграа онака како што се очекува од нив, но и не заборавија да го посочат новиот селектор како најзаслужен.

„Што се промени? Само селекторот, Далиќ малку повеќе разговара со нас, знае да го извлече најдоброто. Ние секогаш сме имале квалитет, само требаше да поработиме повеќе на тактички план и да се покажеме во вистинско светло. Ова е вистинското лице на Хрватска, но јасно ни е дека не смее да има опуштање бидејќи допрва треба да се играат уште 90 минути во Атина“ – изјави голманот Даниел Субашиќ.

Се вчитува...