Судбината на Барселона во ЛШ ќе се решава во Истанбул

Барселона идната сезона избори место во групната фаза во Лигата на шампионите. Меѓутоа „Каталонците“ се соочуваат со суспензија од УЕФА поради случајот „Негреиро“ и потенцијалната корупција во Ла Лига. Поради тоа УЕФА покренала истрага, и сега е на ред да се донесе одлука.

За да не се случи суспензија од страна на УЕФА, претседателот на клубот, Жоан Лапорта ќе оди во Истанбул на финалето во Лигата на шампионите, и таму закажал средба со Александар Чеферин, првиот човек на европската куќа на фудбалот, на која ќе докажува дека Барселона е „чиста“.

Што ќе биде од сето тоа останува да се види, но Барселона е во сосема незавидна ситуација. Има финансиски проблеми, а дополнително неиграњето во ЛШ би можело да биде дополнителен удар за „Каталонците“ од финансиски аспект.

Во последните две сезони Барселона завршуваше третопласирана во групата, и потоа беше елиминирана во Лигата на Европа.

Се вчитува...