„Судиите секогаш се алиби за неуспесите на Реал Мадрид“

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, жестоко одговори на критиките од Реал Мадрид по градското дерби со Атлетико на кое „кралскиот клуб“ претрпе пораз од 2-1 и сега заостанува шест бода зад лидерот Барселона.

Според Тебас, веќе е јасно дека поплаките на Реал за судењето се редовно алиби по секој резултатски неуспех на овој клуб.

„Да се остане доследен на тезата дека судиите се против Реал Мадрид е како да живеете на некоја друга планета. Тоа е наратив воведен одамна, што служи как алиби за да се прикријат сите други недостатоци. Недостатоци што се видливи со голо око на првите натпревари на Реал Мадрид оваа сезона. Но, секогаш е полесно да се пожалите на завера против вас отколку искрено да анализирате и да ги признаете своите грешки, да објасните што навистина се случува“, објави Тебас.

Се вчитува...