Судијките Бонавентура: Не згрешивме со последната одлука во финалето од СП

Француските ракометни судијки Шарлот и Џули Бонавентура преку соопштение застанаа во своја одбрана по критиките од шпанската јавност за нивната одлука во последните секунди од финалето од СП 2019 меѓу Холандија и Шпанија. Финалето беше решено со пенал во последната секунда, откако сестрите Бонавентура го санкционираа прекшувањето на правилата од страна на Шпанката Аинхоа Хернандез.

Таа спречи голманката Вестер да изведе топка од својата половина, а бидејќи случката беше во самата завршница од мечот, санкцијата беше црвен картон и автоматски седмерец, што Холанѓанките го претворија во гол за златен медал.

„Правилата велат дека при изведување на топката од голман, таа мора да го мине шестерецот со сиот свој обем. Веднаш беше очигледно дека тоа не се случи при последниот напад од финалето, а нашата одлука беше апсолутно правилна. Истото ни го кажаа и резервните судии, позиционирани на центарот. Мора да се биде ментално силен за да се донесе ваква одлука, но таа беше апсолутно правилна“ – објаснуваат сестрите Бонавентура.

Се вчитува...