СУДИСКА КОМИСИЈА: Арбитрите безгрешни во 27. коло од ПМФЛ

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 27 коло на 1 МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

– На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Пелистер одигран на 10.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 49 -та минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

49. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играч на Академија Пандев ја имаше топката во свој посед и беше во полн налет, странично од голот на Пелистер. Врз него стартуваше играч на Пелистер со интензитет (на ногата на играчот на Академија Пандев) и направи прекршок на линијата на шеснаесет метра. Бидејќи линијата е составен дел од шеснаесетникот исправна е одлуката на судијата, досуден е удар од 11 метра.

– На натпреварот ФК Македонија – ФК Брегалница одигран на 10.04.2022 година, анализирана е ситуацијата 77. минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски;

77. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играч на Македонија Ѓ.П. беше во посед на топката во шеснаесетникот на Брегалница. Пред да ја шутне топката кон голот на Брегалница врз него стартуваше со интензитет од зад грб (сопнување на ногата што требаше да шутира) играч од одбраната на Брегалница.

Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри.

– На натпреварот ФК Струга Трим Љум – ФК Скопје одигран на 10.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 2. и 48. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Христијан Џонов и Александар Ѓорѓевски;

2. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метри). Играч од нападот на Струга беше во посед на топка во шеснаесетникот на Скопје, на него од зад грб стартуваше играч на Скопје и дојде до минимален контакт без интензитет. Исправна одлука на судијата што дозволи играта да продолжи, нема удар од 11 метри.

48. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метри). Играч на Струга беше во посед на топката во шеснаесетникот на Скопје. Истиот играч сакаше да ја додаде топката до соиграч, меѓутоа топката го удри играч од одбраната на Скопје во рака, која беше во природна положба и со мала дистанца помеѓу двата играчи. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, нема удар од 11 метри.

– На натпреварот ФК Работнички – ФК Тиквеш одигран на 10.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 14. минута.

Главен судија: Александар Грујовски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

14. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метри). Во шеснаесетникот на Тиквеш стартуваа на топка двајца играчи од двете екипи која не беше во ничив посед и дојде до минимален контакт без интензитет. Исправна одлука на судијата играта да продолжи.

Се вчитува...