Судиска комисија: Само една грешка на арбитрите во 26. коло во ПМФЛ

Судиска комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 26. коло во 1. МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

– На натпреварот ФК Борец – ФК Академија Пандев одигран на 06.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 4, 7, 32 и 61 минута.

Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин;

4. минута: Исправна проценка на вториот асистент (досудено удар од гол). Играч на Академија Пандев центрираше топка во шеснаесетникот на Борец. При центаршутот топката ја помина гол аут линијата и дојде до соиграч, истиот ја додаде топката до друг свој соиграч кој постигна гол. Голот беше исправно поништен бидејќи топката ја помина гол аут линијата.

7. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метри). Во шеснаесетникот на Борец во дуел беа играч од нападот на Академија Пандев кој беше во посед на топката и играч од одбраната на Борец. Дојде до минимален контакт и без интензитет од играчот на Борец. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејки немаше елементи за удар од 11 метри.

32. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метра). Играч од нападот на Академија Пандев беше во посед на топка во шеснаесетникот на Борец, дојде до минимален контакт (туркање) и без интензитет од играч од одбраната на Борец. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејќи немаше елементи за удар од 11 метри.

65. минута: Исправна проценка на судијата (не досуден удар од 11 метра). Играч од нападот на Борец беше во посед на топка во шеснаесетникот на Академија Пандев, дојде до минимален контакт (туркање) и без интензитет од играч од одбраната на Академија Пандев. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејќи немаше елементи за удар од 11 метри.

– На натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкендија одигран на 06.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 65. и 72. минута.

Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев и Илија Гонев;

65. минута: Исправна проценка на вториот асистент (нема офсајд позиција). Играч на Шкендија е проигран од соиграч кој во момент на додавање е во линија со претпоследниот играч од одбраната на Пелистер (остана позади останатите одбранбени играчи). Исправна одлука на асистентот за играта да продолжи бидејки немаше офсајд позиција, од оваа акција беше постигнат гол, голот е исправен.

72. минута: Погрешна проценка на судијата (не е досуден удар од 11 метра). Играч од Шкендија беше проигран во шеснаесетникотна Пелистер. Истиот играч шутираше кон голот на Пелистер, играчот од одбраната на Пелистер стратуваше спречувајки го шутот со лизгачки старт, меѓутоа со двете раце кренати високо и во неприродна положба, топката го удира во пределот на левата рака и се одбива во корнер. Судијата беше одлично поставен, меѓутоа направи превид во оваа ситуација. Судијата во оваа ситуација мора да досуди удар од 11 метри и да додели дисциплинска мерка, жолт картон.

Се вчитува...