Суеверниот Гатузо преместуваше новинари на прес-конференција

Џенаро Гатузо имаше свое шоу на прес-конференцијата пред денешниот натпревар против Аталанта, откако тренерот на Милан разместуваше новинари – се со цел „да не му се прави малер“.

Стратегот на „росонерите“ во текот на сезоната се соочуваше со голем притисок, за конечно Милан да влезе во серија добри резултати. Во последните пет кола неговиот тим има три победи и две реми (со Наполи и со Рома), што е доволна причина за Гатузо да направи се што е во негова моќ за да се продолжи во ист стил – вклучувајќи го тука и местото на седење на новинарите.

„Ало, вие двајца… Ајде веднаш да си седнете каде што вообичаено седите. Нема сега кога конечно ни тргна вие да менувате нешто. Прес-конференцијата нема да почне додека не ги доведам работите во ред“ – коментираше Гатузо.

Ако не успее да слави вечерва против Аталанта, тренерот на Милан барем ќе знае кој е виновникот. Новинарите, секако.

Се вчитува...