Лион пропушти можност да се приближи врвот на табелата во француското првенство откако избраниците на Руди Гарсија ремизираа 1-1 на гостувањето против Олимпик Марсеј. Претходно денеска Лил одигра само 1-1 со Стразбур, но Лион не успеа да ја искористи ниту слабата форма на Марсеј, па освои само еден наместо посакуваните три бода на „Велодром“.
Мечот почна одлично за гостите, кои во 21. минута поведоа преку Екамби. Милик од пенал во 44. минута израмни на 1-1, резултат што се покажа како конечен, а Лион го заврши мечот со играч помалку по црвениот картон што во второто полувреме го заработи Пакета.
Лил останува лидер на табелата во француското првенство со 59 бода, пред ПСЖ со 57 и Лион со 56 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА