Супер-драма во Куманово: МЗТ Скопје го освои пехарот во Суперкупот!

Кошаркарите на МЗТ Скопје повторно го освоија пехарот во Суперкупот на Македонија откако во вистински драматичен натпревар славеа против Куманово со 70-68.

„Металците“ на тој начин заслужено дојдоа до уште еден пехар во своите витрини, за разлика од Куманово кој не успеа да искористи шанса својот јубилеј, 80 години од постоењето, да го заокружи со трофеј, што немаше да биде незаслужено.

МЗТ Скопје во поголемиот дел од мечот го контролираше резултатот на дуелот во Куманово. Домашните подобро го стартуваа натпреварот, но МЗТ успеа првата четвртина да ја добие со 22-21. Во продолжението слична игра за предност на скопјани и од 39-33.

Во третиот период од играта МЗТ имаше предност и од 51-43, но кумановци не се откажуваа од можност да дојдат до пресврт. Сепак, „металците“ во последната четвртина дојдоа и до водство од 64-51.

Иако се чинеше дека тука веќе се е решено, посебно откако МЗТ имаше предност и од 70-60, но Куманово вопопшто не се откажа. Па, низ супер-драматични последни минути дојдоа до 70-68. Имаа и последен напад за израмнување, но не успеаја да реализираат, на крај за победа на МЗТ Скопје.

Се вчитува...