Супер-драма во Париз: Пет гола во последните 10 минути, триумф на ПСЖ од 3-2 (ВИДЕО)

ПСЖ успеа да дојде до посакувана победа во 33. коло од Лига 1 со која дојде на само бод од водечкиот Лил во трката за шампионската титула во Франција. Мбапе и компанија во супер-драматична завршница, во меч во кој сите пет гола паднаа во последните 12 минути од играта, трумфираа против Сент Етјен со 3-2.

Боуанга ги шокираше домашните со гол за 0-1 во 78. минута. Но Мбапе со два гола во 79. минута, и потоа од пенал во 87. минута успеа да донесе предност за ПСЖ од 2-1.

Кога се чинеше дека победата е сигурна, гостите во втората минута од судиското продолжение израмнија, за да во петтата минута од судиското продолжение Икарди донесе конечни 3-2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...