„Супер“ Менди изедначи рекорд стар една декада

Челси во последните години мака мачeше со вистинскиот избор на голманската позиција. Доведен беше Кепа за рекордна сума, Шпанецот не ги исполни очекувањата уште претходната сезона, доби шанса и на почетокот на актуелната, но по почетничките грешки, Френк Лампард се одлучи за доведување на 28-годишниот Едуардо Менди, кој импресираше со своите настапи.

Сенегалецот на вчерашниот дуел со Рен во Лигата на шампионите повторно успеа да ја зачува својата мрежа со што бројката на натпревари без примен гол се искачи на пет последователни меча, нешто што на сините не им успеало уште од 2010 година кога на голот стоеше Петр Чех.

Оваа серија може да продолжи веќе во сабота кога на „Стемфорд Бриџ“ Челси ќе го пречека Шефилд Јунајтед.

Се вчитува...