Супер предизвик пред финалето со Ливерпул: Само еден трофеј го дели Модриќ од израмнување со Роналдо!?

Реал Мадрид повторно докажа дека е „специјалист“ во обезбедувањето на финалиња во Лигата на шампионите. Ливепрул е последната пречка на „кралевите“, тимот на Карло Анчелоти оваа сабота ќе „атакува“ кон овојување на 14-та титула шпанскиот гигант, дуел кој ќе се одигра во Париз.

На овој натпревар Лука Модриќ ќе има нов предизвик во својата кариера. Хрватот има одлична можност да се израдува на петти трофеј во натпреварувањето. Со тоа ќе се израмни со Кристијано Роналдо, кој четири пати се радуваше со „кралевите“ и еднаш со Манчестер Јунајтед.

Освојувачот на „Златната топка“ од 2018 година се очекува да биде главна фигура во тимот на Карло Анчелоти овој викенд. Неговите игри и клучни асистенции помогнаа мадриѓани со доза на среќа да стигнат до натпреварот за титула.

Со петта титула Модриќ ќе ја продлабочи легендата во белиот дрес и ќе продолжи да испишува историја со „кралскиот“ клуб.

Се вчитува...