Супер-пресврт на Аталанта против Лацио, Рома победи на погон на супер-Џеко

Аталанта го сопре Лацио победувајќи го со 3-2 и направи голем чекор напред кон пласманот во Лигата на шампионите. Истовремено, ова е голем удар за шампионските амбиции на „лацијалите“ кои сега имаат четири бода негатива во однос на лидерот Јувентус. Лацио имаше водство од 0-2, но Аталанта направи супер-пресврт за триумф.

Лацио набрзина поведе со 0-2 во Бергамо. Де Рон си постигна автогол во петтата минута, а Сергеј Милинковиќ – Савиќ во 11.минута постигна прекрасен гол за два гола предност за гостите. Но, Аталанта не се предаде.

Робин Госенс намали до полувремето, Руслан Малиновски израмни во 66.минута, а дефанзивецот Хозе Паломино во 80.минута донесе пресврт за Аталанта.

Рома со 2-1 ја совлада Сампдорија на „Олимпико“ на погонот на Един Џеко. Самп поведе со голот на Габијадини во 11.минута, а Един Џеко во 64.минута со прекрасен волеј-удар израмни на 1-1. Босанскиот интернационалец во 85.минута постигна и победнички погодок.

Се вчитува...