Супер Шишко во топ форма пред ЕП – Одбранети два пенали во поразот на Докса од Папос

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Дамјан Шишковски се наоѓа во одлична форма пред Европското првенство. Тој во поразот на неговата Докса од Папос беше најдобар поединец на теренот успевајќи да одбрани два пенали на противничкиот тим.

Прво Шишковски успеа да го одбрани ударот на Валакари во 67. минута, а 12. минути подоцна беше подобар и од Беригаруд. И покрај одличната партија популарниот Шишко не можеше да го спаси својот тим кој загуби со 2-1.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...