Супер вест за Баерн и за Германија: Нојер се враќа на голот

Мануел Нојер конечно ги надмина проблемите со повредата поради која паузираше нецел месец, па германскиот ас ќе се врати назад на голот на Баерн Минхен на претстојното гостување против Херта.

Баварскиот гигант ќе биде дополнително засилен со враќањето на Сане и на Хернандез, во обид да ја продолжи победничката серија и трката со Унион Берлин за првото место на бундеслигашката табела.

„Доколку нема неочекувани проблеми, Нојер се враќа и ќе брани со Берлин. Проблемот со рамото се чини надминат и доколку не се пожали на болка на последниот тренинг, тој ќе биде наш прв голман против Херта. Во тимот ќе ги немаме Милер и Де Лихт, но затоа се враќаат Сане и Хернандез, кои најверојатно нема да бидат стартери, но ќе влезат во второто полувреме“, изјави тренерот Јулијан Нагелсман.

Се вчитува...