Супер вест за Јуве – се враќа Пол Погба

Јувентус наскоро би требало да добие на инвентивност и квалитет на средината од теренот, откако Пол Погба конечно ги надмина проблемите со повредата на коленото поради која е во аут од стартот на оваа натпреварувачка сезона.

Французинот делуваше загубено за СП во Катар, но успеа да се рехабилитира порано од првичните прогнози. Тој веќе ги мина првите две фази од рехабилитациската програма и се очекува во наредните денови да почне да тренира со остатокот од тимот.

„Кошмарот конечно заврши. Погба наскоро ќе биде новиот лидер на Јувентус“, соопшти неговата агентка Рафаела Пинамента.

Според изворите од клубот, Погба би можел да се врати на терените за дуелот од ЛШ против Бенфика закажан за 25 октомври. Нешто пред него, на мечот со Емполи на 21 октомври својот камбек по долгата пауза би требало да го има Киеза, додека Ди Марија би можел да му биде на располагање на тренерот Алегри за дербито со Интер закажано за 6 ноември.

Се вчитува...