Супер-заработка за Нурмагомедов по триумфот над Гатје

Хабиб Нурмагомедов во голем стил славеше над Гатје, бранејќи го шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ-шампионатот, пред да соопшти дека ја завршува својата фантастична кариера.

Покрај славата и престижот, дагестанскиот борец оствари и одлична финансиска заработка откако беше обелоденето дека Нурмагомедов заработил над три милиони долари за победата. Поточно, триумфот над Гатје значел и премија од 3,1 милиони долари, плус дополнителни 100.000 евра како награда што нивната борба беше прогласена за „борба на вечерта“.

Што се однесува до поразениот Гатје, тој си замина дома со заработка од 630.000 евра, речиси пет пати помалку од шампионот Нурмагомедов.

Се вчитува...