Суперлига жени: Металург лесно со Шампион, Пелистер го намачи Вардар

Ракометарките на Металург стигнаа до убедлива победа на гостувањето кај Шампион од 22-46 во натпревар од 17. коло во женската Суперлига на Македонија. Арсениевска и Петковска со по седум гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените се истакна Неделковска со ист број на погодоци.

Вардар имаше тешко гостување во Битола кај Пелистер кое го доби со минимални 26-27. Стефаноска и Трпевска со по пет гола беа најдобри кај „вардарки“, додека за битолчанки одлична партија прикажа Јанкуловска која постигна неверојатни 13 гола.

Во останатите мечеви од денешната понуда, Чаир – Деспина 30-24, Гевгелија – Стружанка 18-19 и Спартак – Ѓорче Петров 33-24.

Се вчитува...