Суперлига жени: ЖРК Куманово убедлив против ЖРК Овче Поле

ЖРК Куманово продолжува со одличните партии во домашната Суперлига, откако денеска лесно славеше на гостувањето кај  Овче Поле со 23-41. Кумановки уште од стартот нагазија и веќе на полувреме имаа предност од 11-22.

До крајот на натпреварот само рутински ја завршија работата за конечни 23-41. Ангела Јанкуловска со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените се истакна Елена Вучевска со шест гола.

Се вчитува...