Суспендиран двократен олимписки шампион поради поддршка на Путин

Светската пливачка федерација го суспендираше двократниот олимписки првак во пливање Евгениј Рилов. Суспензијата е со траење од девет месеци, а причината е неговото присуство на митингот на 8. март по повод годишнината од анексијата на Крим.

Еден од говорниците на стадионот „Лужники“ беше и претседателот на Русија, Владимир Путин, а федерацијата тоа го окарактеризирала како поддршка за рускиот претседател и неговите одлуки за агресија врз Украина.

Согласно тоа, ФИНА се одлучи да го суспендира пливачот кој на ОИ во Токио освои златни медали на 100 и 200 метри грбно, како и сребро во штафета 4х200 метри слободно. Тој е двократен шампион и на 200 метри грбно, и трократен во мали базени.

Се вчитува...