Суспендирани судиите од мечот Франција – Австралија

Литванците со право реагираа по големиот судиски пропуст во последната минута од нивниот дуел со Франција, кога тројцата арбитри не забележаа дека Гобер спротивно на правилото ја тргна топката од обрачот при слободното фрлање на Валанчиунас. Францускиот центар самиот го допре обрачот со рака, што автоматски требаше да значи кош за Литванците, но судиите останаа „слепи“, па наместо израмнување, резултатот остана „плус еден“ за Франција.

Де Коло во следниот напад стави печат на победата, а Литванија по мечот поднесе официјална жалба до ФИБА. Светската куќа на кошарката ја призна грешката на арбитрите санкционирајќи ги со бришење од сите натпревари до крајот на ова СП, но конечниот исход не може да биде променет – Литванија го претрпе вториот пораз во низа, што значи и целосно губење на шансите за пласман во четвртфиналето.

„По видео-преглед на ситуацијата на 30 секунди до крајот од мечот меѓу Франција и Литванија утврдена е судиска грешка, незабележана неправилна игра над обрачот на францускиот кошаркар со број 27. Точната одлука требаше да биде еден поен за Литванија. Судиите на овој натпревар веќе нема да бидат делегирани на овој шампионат“ – се вели во соопштението на ФИБА.

Судиска тројка на овој контроверзен натпревар беа Антонио Конде, Даниел Гарсија Невес и Леандро Лескано.

Се вчитува...