Светска шампионка во пливање ја заразила цела репрезентација со Covid-19

Светската шампионка во пливање, Болгарка Капаш, во вторникот објави дека е позитивна од коронавирус, а според најновите вести кои доаѓаат од Унгарија заразени се уште осум члена на пливачката репрезентација.

Капаш на својот инстаграм профил објави дека морала да помине две тестирања од Covid-19 како би можела да тренира. Првиот бил негативен, но вториот тест направен врз беа покажал дека таа е позитивна на коронавирус.

„За среќа немам симптоми и затоа е важно да знаете дека иако се чувствувате здраво може да бидете носител на вирусот“, напиша Капаш. 

Унгарската новинска агенција ги откри имињата на уште три заразени пливачи. Тоа се бронзените од последното Светско првенство Доминик Козма и Рохард Бохус, како и европскиот вицешампион Давид Хорват, додека имињата на останатите пет заболени се уште не се познати.

Покрај пливачите заразени се уште десет тренери и членови на стручниот штаб на унгарската пливачка репрезентација.

Се вчитува...