Светски рекорд на Адам Пити за европска титула на 100 метри градно

Британецот Адам Пити постави ново најдобро време во светот на 100 метри градно освoјувајќи ја титулата на Европското пливачко првeнство во Глазгов.

Пити го подобри сопствениот рекорд на оваа делница и сега најдобриот резултат е точно 57 секунди. Британското славје го дополни Џејмс Вилби кој го освои среброто. На третото место на подиумот, со бронзата, се искачи Русинот Антон Чупков.

На вториот ден од Европскиот пливачки шампионат, во базенот во Глазгов, Швеѓанката Сара Сјостром ја потврди доминацијата на 100 метри пеперутка. Ја одбрани континенталната титула триумфирајќи пред Русинката Чимрова и пред италијанската натпреварувачка Ди Лидо.

Италијанското пливање на отворањето на денот дојде и до златен медал откако, Симона Квадарела исплива за европската титула на 800 метри слободно.

Се вчитува...