Свиндал победи во спустот – најстар освојувач на олимписко злато во алпско скијање!

Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал е победник во спустот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, на тој начин станувајќи најстариот освојувач на златен олимписки медал во историјата на алпското скијање.

35-годишниот Свиндал до златото дојде со резултат 1:40,25 минути, завршувајќи на првото место со 0,12 секунди предност пред сонародникот Кјетил Јансруд.

Бронзата ја освои швајцарскиот скијач Беат Фојц со заостанување од 0,18 секунди зад победникот.

Се вчитува...