СЗО со жестоки критики за навивачите на Наполи: Мизерија!

Светската здравствена организација (СЗО) упати жестоки критики кон навивачите на Наполи, но и полицијата во Италија, која дозволи голема прослава синоќа во Неапол по освоениот трофеј во Купот на Италија.

Фановите на Наполи, не почитувајќи ниту една од мерките кои се уште владеат во Италија како заштита од коронавирусот, синоќа до доцна во ноќта низ улиците на Неапол го славеа трофејот, притоа 90% од нив без маски и без задолжителната дистанца… А, на сето тоа не реагирала ниту полицијата.

„Мизерија. Боли кога се гледаат такви слики. Тоа е срамно, и за самите навивачи, но и за државата. Вирусот е тука меѓу нас, и доколку ние самите не сме одговорни нема кој да го запре“ – изјави заменикот-директор на Светската здравствена организација, Раниери Гуера.

Се вчитува...