Табило гази во Рим – по Ѓоковиќ, дојде и до полуфинале

Чилеанскиот тенисер Алехандро Табило продолжува да брилјира на Мастерсот турнирот во Рим доаѓајќи до полуфиналето, откако славеше против Кинезот Жанг.

Табило славеше во два сета со 6-3 и 6-4 во меч кој траеше нешто помалку од час и половина.

Се почна од победа над Новак Ѓоковиќ, потоа го надигра Карен Хачанов и дојде до најдобрите четворица играчи во вечниот град. Табило за финале ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Тејлор Фриц и Александар Зверев.

Се вчитува...