Тадеј Погачар испиша историја на Тур Д’ Франс (ВИДЕО)

Словенецот Тадеј Погачар го потврди триумфот на најпознатата велосипедска трка Тур Д’ Франс и стана вториот најмлад победник во историјата на натпреварувањето. Тој денеска без мака и повеќе парадно ја мина финалната етапа која никогаш не прави промени во конечниот пласман зацртан на претпоследниот ден. А токму на претпоследниот ден, Погачар направи еден од најголемите подвизи во историјата на трката.

Тој го презеде водството и жолтата маичка од Примож Роглич кој беше лидер цели 13 дена. Тој е втор во вкупниот пласман, а третото место во генералниот поредок го зазеде Ричи Порте. Победник денеска на завршната етапа низ Елисејските полиња беше Сем Бенет.

Погачар е првиот Словенец кој триумфира на Тур Д’ Франс, тој е вториот најмлад победник на натпреварувањето по Анри Корне кому контроверзно му беше доделена победата во 1904 година кога првите тројца беа дисквалификувани. Корне тогаш имал 19 години, Погачар има 22.

Словенечкиот велисипедист кој го донесе и првиот триумф на трката за тимот „UAE Team Emirates“, победи на три етапи на годинашното издание, а ја освои и маичката за најдобар на планинските етапи. Тој воедно е и најдобар млад велосипедист. 

 

Се вчитува...