Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжи со засилување на тимот за следната сезона, потпишувајќи договор со српскиот интернационалец Тадија Тадиќ (27 години, 194 см).
Управата на клубот денеска го потврди ангажманот на искусниот бек, кој својата кариера ја започна во српскиот гигант Партизан, каде во 2018 година го освои Купот на Србија.
Тадиќ има богато регионално искуство, а во 2022 година ја освои АБА2-лигата со екипата на Златибор, победувајќи го во финалето токму својот нов клуб, МЗТ Скопје.
Покрај Партизан и Златибор, во кариерата настапуваше и за Младост Земун, Слобода Ужице, унгарски ДЕАЦ, а добро го познава и нашиот шампионат и регионот преку настапите за Куманово и Сутјеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
