Таеквондистот Георгиевски не успеа да ја одбрани европската титула

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да ја одбрани европската титула на Европското сениорско првенство во таеквондо кое во моментов се одржува во Казањ, Русија.

Европскиот шампион од минатата година и наш олимписки стипендист загуби уште во 1. коло на ЕП во Русија од Французинот Жоан Мианк со 24-34 на поени.

За Георгиевски следен предизвик ќе биде настапот на Медитеранските игри кои во јуни се одржуваат во Тарагона, Шпанија.

Се вчитува...