Тајната на пилотот на Сала: Еднаш веќе предизвикал авионска несреќа

Пилотот кој го превезуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала од Нант до Кардиф, 60-годишниот Дејв Иботсон претходно веќе имал предизвикано авионска несреќа во 1995 година на модел „Пипер чироки“ кој се користи за вежбање.

Иботсон, кој немал ни пилотска лиценца за превоз на патници, во 1995 година предизвикал пад на авион затоа што не знаел како да ги активира тркалата за слетување на авионот. Но, за среќа тогаш минал без посериозни последици, а и двајцата патници со него успеале да се спасат.

Потрагата по авионот во кој беа Иботсон и Емилијано Сала трае веќе 12-ти ден. Во средата во близина на пристаништетот во Ротердам се најдени делови на авион за кој се претпоставуваше дека би можел да биде оној по кој се трага, но холандската полиција потоа информираше дека тоа нема никаква врска со авионот на Сала.

Дејв Иботсон не ни требало да го вози тој авион. Менаџерот кој учествувал во трансферот на фудбалерот од Нант во Карди, Вили МекКи сакал авионот да го управува неговиот пилот од доверба, Дејв Хендерсон. Но, Хендерсон од некоја причина му понудил на Иботсон тој да го вози авионот. Кога слушнал дека овој ја заборавил кредитната картичка, му ги платил и хотелските трошоци, па истражителите во прв момент мислеле дека исчезнал Дејв Хендерсон, а не Дејв Иботсон.

Се вчитува...