Натпреварот со БиХ, а потоа и меч против Турција за крај на сезоната на македонската репрезентација која се подготвува за настапите во Лигата на Нации во септември. Четири натпревари за неколку дена ќе одигра Македонија во тој згуснат распоред, во надеж дека ќе ја поправи ефикасноста, со оглед дека четири меча е без даден гол.
Без голови заврши првата контрола во Сараево, а потоа во Истанбул пораз од 4-0 од Турција. На тој натпревар шанса за деби доби и голманот на Вардар, Давор Талески.
Тој во вториот дел го замени Столе Димитриевски меѓу диреците. Прими еден гол, но имаше и една феноменална одбрана на турските фудбалери. Талески за ЕКИПА вели дека настапот за националниот тим му е исполнување на сонот од детство, и дека дуелот во Истанбул е најубавото нешто кое му се случило во кариерата. Жали само за крајниот резултат.
„На секој спортист најголем детски сон му е еден ден да заигра за својта држава. Секој повик кој сум го имал во младите селекции бил посебен, но дебито за сениорската репрезентација е нешто посебно, најубавото нешто кое ми се случило во кариерата. Селекторот даде шанса на секој играч на овие два меча. Јас добив шанса на мечот против Турција. Гледав да бидам максимално фокусиран и да ја оправдам довербата. Останува жал за крајниот резултат. Лично се уверив дека во оваа репрезентација има единствно и добра атмосфера. Сите дебитанти бевме одлично примени од поискусните, како да сме долго време заедно, а тоа е клуч за понатамошен успех“, изјави Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
